Македонија
27. April 2021 - 16:55

Можно формирање повеќе пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на опозицијата најавува можно формирање на повеќе пратенички групи и комплетно блокирање на законодавниот дом. Откако спикерот Џафери вчера им го скрати правото на опозициските пратеници да дебатираат за интерпелацијата на министерот Спасовски, Мицкоски денеска го повикува да не си игра со оган.

Од СДСМ пак застануваат во одбрана на Џафери. Велат дека на вчерашната седница само се почитувале собраниските процедури.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера  ја напушти седницата за интерпелацијата на министерот Спасовски поднесена од Алијанса на Албанците и Алтернатива, откако спикерот Џафери објави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат право на збор бидејќи списокот за говорници од нивните редови го доставиле по предвидениот рок.