Можно е пролонгирање на почетокот на учебната година
МОН и Комисијата за заразни болести се уште не можат да се договорат како ќе почне учебната година.
Рокот кој го зададоа институциите 10 август е надминат, а времето за подготовка на наставата е кратко. Министерот Адеми соопшти дека и на денешниот состанок ги разгледувале сите три понудени модели но одлука нема. Се разидуваат со ставовите како со членовите на коѓисијата така и со останатите министри. Адеми вели ставот на МОН е наставата да биде со физичко присуство, а онаму каде нема доволно услови да се спроведува комбинирана настава. Разговорите продолжуваат во наредните денови. Без разлика кој модел ќе го изберат неопходни се законски измени соопшти министерот за образование.
Министерот тврди дека разликите меѓу нив се во финеси. Лично иако го застапува моделот за физичко присуство на учениците во училиштата сепак има дилеми и тоа огромни бидејќи е во прашање здравствената состојба.
Со оглед на политичката ситуација, учебната година може да биде пролонгирана.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани