Можни предвремени парламентарни избори во Србија
Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска свика седница на раководството на неговата Српска напредна партија (СНС), на која, според партиски извори, ќе побара да му биде овозможено да свика предвремени парламентарни избори и пред одржувањето на Конгресот на партијата, закажан за 13 февруари.
Како што јавуваат медиумите од Белград, седницата на раководството на СНС Вучиќ ја свикал за 17 јануари.
Најавите за можни предвремени парламентарни избори во Србија доаѓаат откако пред неколку дена беше српското државано раководство беше исвиркано на отворањето на Европското ватерполо првенство во Белград.
Ова е втор пат во последниве неколку месеци Вучиќ да најавува можност за одржување предвремни избори, на кои се очекува убедлива победа на коалицијата предводена од неговата СНС.
По исвиркувањето на државниот врв, Вучиќ вчера најави дека планира да разговара со своите советници за можноста за распишување предвремени избори.
- Таму имаше од 500 до 1.000 лица, кои ги сметам за хулигани, кои сакаа да направат политични настан. Ќе им го овозможам она што го сакаа и ќе има уште поголем политички настан. Гледам дека сите сакаат предвремени избори и велат дека Владата работи лошо. Тогаш народот нека избере некој подобар, изјави Вучиќ осврнувајќи се на исвиркувањето на државниот врв.
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада