Можни локални излевања кај помалите водотеци и суводолици
УХМР предупредува на можни локални излевања кај помалите водотеци и суводолици на целата територија на Република Македонија поради временска нестабилност и очекуваните поројни врнежи дожд.
Како што соопшти, тешко може да се предвиди каде ќе паднат врнежите и колкав ќе биде нивниот интензитет.
- На одредени места, поради стеснување на водотеците од разни причини, можни се локални излевања. Препорачуваме внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на ноќта во Македонија времето беше нестабилно, облачно со пороен дожд и грмежи, особено во северните и североисточните делови. Локално процесите беа поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.
- Овие врнежи не го променија многу водостојот, но кај одредени помали водотеци и суводолици предизвикаа брзи покачувања на водните нивоа. За жал, УХМР нема доволно хидролошки станици со податоци да ги покрепи овие забелешки, стои во сооптението.
Во текот на денот, според најавата на синоптичарите не очекува променливо облачно и нестабилно време, а од пладне и попладне пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. На одредени места се очекува да наврнат над 35 литри на метар квадратен дожд.
Ново на Сител
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина