Македонија
13. November 2018 - 16:40

Можни ли се предвремени парламентарни со претседателските избори на пролет!?

Постои реална можност за предвремени избори на пролет и покрај ставот на премиерот Заев дека Македонија треба да и даде шанса на економијата, сметаат експертите.

Последен пат, Македонија одржала самостојни претседателски избори во 2004 кога победи Црвенковски. Од тогаш до денеска, во три наврати изборот на претседател се поставува во ист ден со друг изборен процес за да се обезбеди потребната минимална излезност од 40%. Божиновски вели дека за да станете претседател со ваков избирачки список, потребно е навистина да ви се наредат коцките

Актуелниот претседател Иванов последниот мандат го доби на крајот од април 2014. И тогаш, претседателските избори се одржуваа на ист ден со предвремените парламентарни избори, а Иванов во вториот круг освои над 530.000 гласови на излезност од над 54%.