Македонија
3. December 2015 - 16:30

Можна ескалација на состојбата со мигрантите на јужната граница

Околу 3000 бегалци од Сирија Ирак и Авганистан од утрово се заглавени на грчка територија во прифатниот камп кад Идомени на јужната гранична линија. И покрај тоа што  транзитот за нив е дозволен тие неможат да ја поминат границата бидејќи влезот кај граничниот камен 59,  единственото место од  каде што тие минуваат е затворено од страна на економските мигранти кои не им дозволуваат да го продолжат патувањето.

Тензиите кои ги имаше уште од вчера утрово прераснаа во тепачки и нереди помеѓу бегалците и економските мигранти кои се наоѓаат на територијата на Грција. Дел од економските мигранти и денес движејќи се по должината на граничната линија кон граничниот камен 61 се обиделе да ја отстранат заштитната ограда и насилно да влезат на македонска територија, но истите се спречени во намерата од страна на македонските безбедносни сили кои откако интервенирале биле нападнати со камеања, но повредени нема. Попладнето тензиите се смирени, а состојбата е под целосна контрола.

Добро упатени извори велат дека во иднина се можни  организирани инциденти на јужната државна граница кои би биле иинспирирани од страна на лица кои се наоѓаат на другата страна од границата.

 Во рамки на овие планови според изворите биле вклучени и провокатори кои имаат нејасни и сомнителни скриени агенди. Извори од меѓународни организации потврдиле дека до нив дошле информации дека се подготвуваат и многу е веројатно да се изведат насилни напади од групи мигранти од Мароко, Алжир и други земји кои се стационирани на грчка територија блиску до нашата граница.

Неофицијално меѓународни извори додаваат дека е можно УНХЦР да го повлече нивниот персонал кој моментално се наоѓа на грчка територија поради ризикот од можни насилства и истиот тој персонал да биде префрлен на македонска страна од границата.

Некои медиуми пишуваат дека од грчка страна на границата од страна на мигрантите се почесто се слушаат повици Алаху Акбар.

Веќе се се забележуваат  инциденти помеѓу економските мигранти и бегалците од регионите зафатени со војна, оваа ситуација може да се развива уште поекстремно, а не се исклучува и можност за обид за насилен влез во нашата земја и преку поставената ограда.

Македонија се однесува во склад со одлуките на другите земји од балканската рута меѓу кои и земји членки на ЕУ. Поставувањето на ограда е право и должност на нашата држава за заштита на националниот и интересот на граѓаните.