Спорт плус
30. November 2015 - 17:04

Можеше да заврши кобно, хокеар со лизгалка пресече грклан на противнички играч

Страшна несреќа се случила вчера на хокеарскиот меч помеѓу Југра и Слован. Во почетокот на последната третина, во напад на гостинската екипа, еден од играчите на Слован,  Ладислав Нагу изгубил рамнотежа и во падот со лизгалката го пресекол Виталиј Ситников на гркланот.
 
- За среќа на Виталиј, лизгалката не му ја пресече главната артерија. Веднаш го префрлија во болница каде го оперираа - кажал неговиот тренинер по завршувањето на натреварот.
 
Виталиј веднаш ги фрлил палката и ракавиците и заминал на клупата каде му е пружена итна лекарска помош а потоа е префрлен во болница.