Loading Video...
Свет
28. January 2020 - 21:10

Можен ли е успех на мировниот план за Блискиот исток кој го скрои американскиот претседател Трамп?

Можен ли е успех на мировниот план за Блискиот исток кој го скрои американскиот претседател Трамп? Планот експресно беше прифатен од Израел, и од власта, и од опозициајта. Меѓутоа, Палестинскиот премиер Штаје го отфрли. Според меѓународните експерти, планот е наклонет кон Израел, а Штаје обвинува дека неговата цел е Трамп да избегне импичмент, а израелскиот премиер Нетанјаху да избегне одење во затвор.

Американските медиуми јавуваат различни верзии од планот. Според Вашингтон пост, границите ќе се прекројат меѓу Израел и Западниот брег, со што големите еврејски населби ќе и припаднат на еврејската држава. Меѓутоа, Палестина ќе добие ограничена автономија на Западниот Брег и во источен Ерусалим.

Според Њујорк тамјс пак, Израел ќе добие суверенитет на поголемиот дел од долината Јордан на Западниот Брег. Во замена за палестинска автономија, Израел треба да се признае како еврејска држава.