Македонија
3. May 2021 - 16:34

Можен ли е компромис за дигитализацијата на образованието - ИДУЕП понуди декларација

И власта и опозицијата се согласни дека се неопходни реформи во образованието, а дигитализацијата треба да се спроведе со обезбедување на сите неопходни алатки. Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи кој изминатиот период одблизу ја следи дебатата и аргументите за и против воведување електронски учебници, изготви декларација која цели кон олеснување на процесот кон современото образование.

Кордалов смета дека има простор за договор и дигитализација, но најважно е сите ученици, родители и наставници да не стравуваат дека ќе бидат оставени сами да ги обезбедат неопходните уреди.

Дебатата за реформи во образованието ја поттикна новиот закон за ученици кои предвидува воведување на електронски учебници веќе од септември за децата од четврто одделение. Законот наиде на остри критики и кај опозицијата и кај најголем дел од родителите кои се заканија и со бојкот на наставата.