Балкан
19. May 2020 - 9:56

Можен банкрот на Турција

Големиот пад на турската лира ја засени и последната криза со валутата во август 2018 година. Причината за кризата со лирите беше жестоката и долгата расправија со Американските Соединети Држави.

Причината за кризата е моменталниот долг кој изнесува 170 милијарди долари што Турција мора да го врати оваа година. Меѓународните финансиски менаџери рекоа дека не гледаат како турската влада може да го стори тоа. Иако Турција досега полека минува низ криза во однос на смртни случаи и зарази, тоа би можело да биде првата земја во развој што колабира економски заради кризата, пишува порталот „Пари„.

Турција обично ги плаќа своите долгови со приходите од извоз (180 милијарди), од туризам (36 милијарди) и нови странски инвестиции. Извозот веќе падна за 40% оваа година, приходите одтуризам драстично ќе паднат, а новите пари нема да доаѓаат затоа што притисоците на каматните стапки сега се на многу ниско ниво.

Централната банка може драматично да ги зголеми каматните стапки, како што го направи тоа пред две години со привлекување нови пари. Ова ќе го стабилизира девизниот курс на лирата до одреден степен, но во исто време многу помали компании кои се борат за своето постоење заради короната би можеле да банкротираат.