Македонија
15. August 2022 - 16:36

Може ли случајот од Црна Гора да биде лекција за потреба од превенција?

Граѓаните стравуваат дека државата нема функционален систем за третман на психички растроените лица. Случајот со масакрот во Цетиње, Црна Гора го потресе целиот регион и е уште еден доказ дека институциите не работат на превенција и спречување на фаталните последици. Експертите сметаат дека системот за контрола и медицински третман и кај нас не функционира и се преземаат мерки откако жртвите ќе претрпат сериозно насилство. Дека едно лице ќе направи масакар или ќе повреди некого не може да се предвиди но може да се превенираат бидејќи на тој чин му претходат дејствија кои треба да бидат препознаени и превенирани.

Лесно достапното оружје е причина повеќе за последиците да бидат фатални.

За поефикасен третман потребно е и институциите меѓу себе да се поврзат и повеќе да соработуваат.