Бизнис
30. јуни 2019 - 19:35

Може ли Македонија да остане без инженери?

Андреј е еден од најдобрите млади ит инженери кој ќе се обиде да ја најде среќата во земјава. Отворил сопствена фирма за изработка на софтвер, вели дека засега ќе остане тука. Признава дека е еден од ретките кои се решил да не си замине од земјава.

Макеоднските факлутети создаваат стручни кадри кои се пожелни на секој пазар. А во моментов Европа се соочува со серизен недостиг на инженери кој ќе се надополнува од земји како нашата. Почетните плати за овие млади луѓе се повисоки отколку за останатите струки, но тоа не е доволно. Експертите велат дека на газдите ќе им треба многу повеќе за да ги задржат младите инженери.

Освен подобри плати за инженерите да останат тука ќе треба и системска поддршка. Унивезртетите да ги отвират вратите за нови асистенти, но и да помогнат на тој начин што ќе им овозможат на младите пркеу нив да формираат старт ап и спин оф компании. Државата да ја зголеми поддршката за овие деца преку Фондот за иновации. Потребно е младите инженери да веруваат дека и тука ќе бидат сигурни и ќе можат да напредуваат.

Најдобрите млади инженери за минатата академска година го добија Инженерскиот прстен  за своите достигнувања. Сепак, и тие и нивните професори велат дека ова признание нема да биде доволен мотив за луѓе со нивните квалификации да останат во земјава.  Во моментов надлежните немаат евиденција колку од младите кои претходно добиле вакво признание работат тука. Нема податок ниту колку од сите дипломирани инженери си одат годишно од земјава.