Македонија
14. October 2020 - 16:47

Може ли он-лајн гласањето да биде решение за собраниската блокада

Деловнички измени со кои ќе се прецизира дека присуство на пратеник на седница значи и физичко присуство и онлајн присуство бара ДУИ како решение на проблемот со позитивни пратеници на корорна вирус и тенкото мнозинство на власта.

 „Во сегашната регулатива на Собранието реченицата „присуство“,  ДУИ сака да се прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од Ковид-19, да не ги натераме да преку посебен третман доаѓаат во седници и потоа да ги загрозуваме сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси“, пишуваат ионтегративците“

И од владата стигнаа пораки пратениците да биле одговорни и да преминат на онлајн одлучување за да не трпи донесувањето на одлуките. Од опозицијата барањето на власта за онлајн функцинрање го сметаат за параван за тенкото владејачко мнозинство кое и без корона ја доведува работата на парламентот во криза. Сепак, велат дека за гласање од далечина на болен пратеник треба да се разгледа предлогот.

Без двајцата пратеници на власта кои се во изолација СДСМ и ДУИ немаат мнозинство во Собранието што значи дека без учество на опозицијата не можат да донесат ниту еден закон. Опозицијата смета дека решението би било во тоа власта да прифаќа дел од нејзините предлозите за таа да обезбедува кворум или да гласа за законите.