Loading Video...
Фудбал
18. July 2020 - 19:38

Може ли фудбал без Вардар прашуваат фудбалерите на шампионот

Дали некој во Македонија размислува дали ќе има фудбал без Вардар прашуваат  фудбалерите на македонскиот шампион  во соопштението објавено до спортската јавност. Ви го пренесуваме во целост. 
Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот, а на крај нѐ разочара сите и нѐ остави на цедило. Голема срамота до управата на клубот која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери тие дозволија клубот да го допре дното.
Ние фудбалерите секогаш го остававме срцето на терен, се боревме со срце за боите на светиот дрес, имавме прекрасна атмосфера, феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме.
Сите фудбалери бевме подготвени  да останеме во Вардар, но со тие лаги неможеме повеќе да издржиме. Сите ние имаме фамилии и нормално треба да гледаме за во иднина. Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои верувавте во нас и не поддржувавте до самиот крај. Вардар е голем тим, Вардар е најголем бренд во Македонија, нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес, затоа тој клуб не смее да згасне и спасете го што побрзо за доброто на цела Македонија. ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ – завршува соопштението на играчите на фудбалскиот клуб Вардар.
Да потсетиме Вардар ја освои шампионската титула со огромна предност но не доби лиценца за европски настапи.