Македонија
2. January 2023 - 16:37

Можат ли растот на минималната плата и пензиите да ја надоместат рекордната инфлација?

СДСМ најавува година на економски пресврт. Повисоки пензии и минималец кој од март ќе се искачаи на 20 000 денари, според СДСМ ќе донесат подобар живетен стандард за граѓаните, а нема да запре ниту помошта за справување со енергетската криза.

  Во оваа, 2023 година, успешните економски мерки и политики ќе продолжат, 2023 година ќе бде година на економски пресврт, во која платите и пензиите ќе продолжат да растат. Веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери. Создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари. Тоа ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори, вели Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ.

Стандардот на граѓаните е паднат на историски најниско ниво, реагираше опозицијата.

Платите и пензиите ја изгубија трката со цените. Тоа што можело да се купи со илјада денари, денес не може да се купи со две илјади. Македонија се соочува со највисока инфлација во регионот и една од највисоките во Европа. Во светот сме меѓу првите земји по раст на цените за храна. Тоа значи дека нашите граѓани најбрзо и најмногу осиромашуваат во споредба со другите. Поради НЕуспешните економски политика огромен број од младите сакаат да ја напуштат Македонија. Ете тоа е резултатот на власта на СДС и ДУИ. Тоа мора да престане. Власта мора да се промени, се вели во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија 2022-ра за заврши со рекордна инфлација од речиси 20%, а новата 2023-та стартуваше со најави за даночна реформа и воведување на нов вонреден данок на ектра профит, кои ќе се применуваат откако ќе ги измени законите за данок на добивка и данок на додадена вредност.