Македонија
25. April 2019 - 19:02

Моторџија од Холандија загина на излезот од Битола

Моторџија од Холандија загина во судир со автомобил, попаднево на излезот од Битола, дознава Центар МК.
 
Холaнѓанецот, кој бил на возраст од 58 години, бил во група со неколку моторџии кога се судрил со автомобил „алфа ромео“. Од силината на ударот била оштетена и „алфата“.
 
Моторџијата бил префрлен со возило на итната помош во Клиничкиот центар во Битола, каде лекарите го реанимирале, но тој им подлегнал на повредите.