Македонија
30. July 2017 - 13:48

Моторциклист итно пренесен на скопските клиники

Вчера околу 15 часот на кружниот тек за влез во Штип се случила сообраќајна незгода во која 57- годишниот А.С од Штип, управувајќи мотоцикл “Томос АПН“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал.

Во незгодата А.С. се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во Клиничка болница Штип, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.