-->
-->
Мотоциклист загина во сообраќајка кај наплатната рампа Градско
-->
Мотоциклистот А.Д. (30) од Скопје загина при директен судир со комбе што се случи попладнево околу 16 часот на автопатот Градско – Велес, после наплатната рампа кај Градско.
Според првичната информација од СВР Велес, моторциклистот веднаш им подлегнал на повредите, а екипа на СВР Велес и јавен обвинител е на местото на настанот и ги утрвдуваат причините за тешката сообраќајна несреќа.
Д-р Слободанка Ристевска од службата за Итна помош во Велес за МИА потврди дека со екипата веднаш по повикот отишле на местото на нестанот, но кога пристигнале мотоциклистот бил веќе починат и тие само ја потврдиле неговата смрт.
– Во комбето немало повредени, информира Ристовска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228