-->
-->
Мотоциклист загина на патот Гостивар - Кичево
-->
Х.А. (25) од гостиварското село Здуње го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево во близина на Гостивар.
Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила на магистралниот патен правец Гостивар - Кичево околу 14:30 часот, на излезот од градот.
Додека возел мотоцикл „јамаха“ без регистерски ознаки, Х.А. удрил во трактор со приколка што го управувал Ш.А. (26). Набрзо по несреќата, екипа на Брза помош дошла на местото, но дежурниот лекар констатирал смрт која настанала како последица од повредите што ги задобил при ударот.
Во тек е увид. Сообраќајот на овој дел од магистралата се одвива нормално.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација