Македонија
26. May 2019 - 14:59

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Прилеп

Педесетиедногодишен прилепчанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа, што вчера се случила во Прилеп на улицата „Иво Лова Рибар“.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил “БМВ“ управуван од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл „Кавасаки-500“, управуван од С.З.(51) од Прилеп.

Возачот на моторциклот бил пренесен во Градската болница во Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.