Македонија
11. February 2019 - 9:49

Мотоциклист тешко повреден во Скопје

Вчера во 11.30 часот на крстосница од улиците „Архитект Никола Добровиќ“ и ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, мопед „Гилера сталкер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(38) од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил С.И. кој бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.