Македонија
5. September 2016 - 13:20

Мотоциклист се бори за живот по сообраќајна несреќа во Илинден

Во сообраќајката  А.А. (63) од н.Илинден-Скопје,  управувајќи мотоцикл „Лифан“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во метални браници и паднал на коловоз.

А.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.