Македонија
25. March 2017 - 13:49

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Топанско поле

Вчера во 18.40 часот во населба Топанско Поле – Скопје се случила сообраќајна незгода во која С.И. (35) од населба Бутел, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола над истиот и паднал. Во незгодата С.И. се здобил со тешки телесни повреди.

На истиот му била укажана лекарска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и е задржан на понатамошно лекување. 

Увид извршила екипа на СВР СКопје.