Македонија
15. August 2019 - 10:43

Мотоциклист и сопатник тешко повредени во сообраќајка на скопската обиколница

Вчера во 18,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза (Обиколница) К.Р.(41) од Скопје управувајќи моторцикл “Хонда ЦБР“ изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и сопатникот Г.С.(42) од Скопје и биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.