Спорт плус
11. јуни 2020 - 18:29

Мото ГП се враќа на 19 јули

Мото ГП го откри календарот за 2020 година, сезоната ќе продолжи на 19. јули со ГН на Шпанија, во моментов се предвидени 13 трки, а за уште четири се чека потврда.

Поради пандемијата со Ковид-19, Мото ГП мораше да се прекине, а последна жртва беше ГН на Италија на легендарната патека Муџело.

Но денеска пристигнаа добри вести, возбудувањата се враќаат на 19.јули со ГН на Шпанија и во моментов има потврда за 13 трки, сите во Европа.

Во план се уште четири трки во периодот од 22. ноември до 13. декември, сите надвор од стартиот континент, односно во Америка, Аргентина, Тајланд и Малезија.