Loading Video...
Спорт плус
3. јуни 2018 - 17:57

МОТО ГП: Прва победа на Дукати со Лоренцо

Одлична трка за Дукати  на патеката Муџело каде се возеше големата награда на Италија од шампионатот во Мотоцилизам. 

По 18 месеци откако мина во овој тим победа оствари Хорхе Лоренцо додека второто место му припадна на неговиот клубски колега од Дукати Андреа Дивизиозо. 

Трет низ целта мина ветеранот Валентино Роси. 

Најлошо мина светскиот шампион и лидер во шампионатот Марк Маркез кој успеа да избие на второто место но потоа излета од патеката што на крајот му го донесе 16. место.