Спорт плус
27. October 2018 - 19:07

Мото ГП: Маркез обезбеди пол позиција за трката во Австралија

Марк Маркез ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австралија, во „кралската класа“. Старо-новиот шампион забележа време 1:29.199 минути и ја освои 51. пол-позиција во кариерата, во „кралската класа“. На Маркез му недостигаа уште четири пол-позиции за да го достигне Валентино Роси на вечната листа.

Маркез, до најдобрата позиција на стартот, стигна откако дождот им ги уништи надежите на останатите возачи дека ќе можат да го достигнат времето на Шпанецот. Дождот на патеката „Филип ајленд“ започна да паѓа на почетокот на вториот дел од квалификациската сесија.

Место до Маркез во првиот стартен ред обезбедија Мавериј Вињалес на Јамаха и Жоан Зарко на Мостерс Јамаха.

Зад најдобрите тројца следуваат возачите на Сузуки Андреа Јаноне и Алекс Ринс, а птоа се наредија Џек Милер, Валентино Роси, Данило Петручи, Андреа Довициозо…

Траката за Големата награда на Австралија в недела ќе стартува во 6 часот по средно-европско време.