Спорт плус
20. May 2018 - 16:42

Мото ГП: Маркез ја освои и Франција

Повторно инцидент во шампионатот во мотоциклизам , овојпат на патеката во Ле Ман каде се возеше Француското Гран При.

Во судир се најдоа Андреа Довициозо и Жоан Зарко што успешно го искористи возачот на Хонда Марк Маркез за нов триумф во шампионатот  и скок во генералниот пласман што му носи предност од 36 бода.

По слабиот старт на Маркез на чело на колоната изби Лоренцо кој долго водеше но на крајот беше претекнат од Шпанецот и го освои само 6.место.