Мота: Јувентус треба да бара постојаност во резултатите
Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота инсистира дека неговиот тим мора да се подобри и да бара конзистентност во резултатите пред градското дерби со Торино.
- За нас е важно да најдеме постојаност во резултатите. Мораме да се подобруваме и да даваме максимум секој ден за да оствариме победа“, изјави Мота пред градското дерби со Торино.
„Во овие 26 натпревари изгубивме само два пати со многу млад тим. Даглас Луис е играч од средниот ред на високо ниво кој може да игра на сите три позиции. Може да постигнува голови и да дава завршни додавања, има креативност и знае како да гради напади. Тој може да направи повеќе во одбраната, како и сите други, може да покрие три позиции и да има слобода на теренот“, додаде Мота.
Без Ману Локатели, утре ќе се дознае кој ќе ја носи капитенската лента на тимот.
- Признавањето на соиграчите е важно. Тренерот набљудува и се обидува да го покаже вистинскиот пат до лидерство, особено со давање пример. Секогаш има простор за нови лидери, рече уште Мота.
Ново на Сител
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени