МОТ: Работниците кои работат од дома треба подобро да се заштитат
Потребна е поголема заштита за работниците кои работат од дома, а чиј број значително се зголеми по ширењето на пандемијата предизвикана од Ковид -19, оценува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во најновиот извештај.
Според МОТ, драстичниот пораст на работењето од дома ги истакнал лошите работни услови со кои се соочуваат работниците кои работат од дома. Всушност, работата од дома најчесто е „невидлива“ и овие работници се соочуваат со поголеми безбедносни и здравствени ризици. Имаат помали можности за пристап до обуки што влијае на нивниот кариерен напредок, немаат исто ниво на социјална заштита како другите вработени и има помала веројатност да се дел од синдикат или да се опфатени со колективен договор.
– Работата од дома се одвива во приватноста на домот и затоа честопати е „невидлива“. На пример, во земји со низок и среден приход, речиси сите работници што работат од дома (90 проценти) работат неформално. Работниците кои работат од дома вообичаено се соочуваат со полоши услови од оние кои работат надвор од домот, дури и во професии со високи квалификации. Работниците кои работат од дома во просек заработуваат 13 проценти помалку во Обединетото Кралство, 22 проценти помалку во Соединетите Американски Држави, 25 проценти помалку во Јужна Африка и околу 50 проценти помалку во Аргентина, Индија и Мексико, посочува МОТ.
Според процената на МОТ, пред кризата предизвикана од КОВИД-19, во светот имало околу 260 милиони работници кои работеле од дома, што претставува 7,9 проценти од глобалната вработеност, а 56 процентни од нив или 147 милиони биле жени.
Проценките се дека од првите месеци на пандемијата, еден на секој петти работник работел од дома, а се очекува и во следните години да продолжи зголемувањето на бројот на работници кои ќе работат од дома.
– Работењето од дома честопати не е доволно регулирано, а усогласеноста со постоечките закони и понатаму претставува предизвик. Во голем број случаи, работниците од дома се класифицираат како независни изведувачи и следствено се исклучени од опфатот на трудовото законодавство, се вели во извештајот.
Само 10 земји-членки на МОТ ја имаат ратификувано Конвенцијата 177, која промовира еднаков третман на работниците од дома и другите приматели на плата, а само неколку земји имаат сеопфатна политика за работење од дома.
Извештајот содржи и конкретни препораки со кои се дава поголема видливост на работата од дома, а со тоа и подобра заштита на овие работници. Една од препораките е владите во соработка со работодавачите и работниците заеднички да работат за да може работниците кои работат од дома да преминат од невидливиот сектор кон достоинствена работа.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка