Свет
26. October 2016 - 12:38

Мосул за еден ден го напуштиле 3.300 лица

Ирачката Влада соопшти дека вчера регистрирала најголем број на бегалци кои го напуштиле Мосул во еден ден, од почетокот на офанзивата за потиснување на џихадистите од групата Исламска држава од градот. 

- Од Мосул вчера избегаа 3.300 лица. Тие беа превезени до бегалски кампови, изјави денеска ирачкиот министер за мигранти и раселени лица Џасем Мохамед ал Џаф.

Битката на ирачките сили за преземање на Мосул, кој е во рацете на припадниците на ИД од пред две години, трае вече втора недела. 

Од почетокот на офанзивата на 17 октомври од Мосул избегале 8.940 лица, покажуваат податоците на Обединетите нации. 

Според различни извори во градот има меѓу три и пет илјади борци на ИД.