Мостот „Беласица“ од денеска делумно отворен за сообраќај
Мостот „Беласица“ од денеска ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи од страна на ЕСМ.
- Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булеварот „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања што ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, што ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, информираа од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Мостот „Беласица“ е затворен за сообраќај четири месеци откако на 12 мај избувна пожар.
Ново на Сител
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска
-
Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука