Свет
30. October 2015 - 10:50

Москва: Употреба на сила без дозвола на Дамаск неприфатлива

Примената на сила без усогласување со Дамаск за Русија не е прифатлива, изјави денеска заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, коментирајќи ја можноста за копнена операција на САД.

- Прашањето за употреба на воена сила во која било форма без согласност на Дамаск за нас е неприфатлива, рече заменик шефот на руската дипломатија.

- Оваа ситуација трае долго и тоа е една од темите за кои ние имаме темелни несогласувања со САД, додаде Рјабков.

Според него, треба да се мисли не за тоа „како да се закомпликува ситуацијата со Американците“, туку за заедничко изнаоѓање начини за решавање на сириската криза.