Свет
19. March 2020 - 17:56

Москва: Причина за смртта на жената заразена со Ковид-19 е емболија

Рускиот Оперативен штаб за борба против Ковид-19 попладнево соопшти дека причина за смртта на жената заразена со новиот коронавирус е емболија.

„Не се евидентирани смртни случаи од коронавирусот“, го пренесува ТАСС соопштението на Оперативниот штаб. Оттаму објаснуваат дека со аутопсија било утврдено дека 79-годишната жена од Москва, која имала воспаление на белите дробови, починала од емболија, односно од тромб кој влегол во крвните садови во белите дробови.

Руската агенција посочува дека жената боледувала и од дијабет и церебралноваскуларни болести.

Во изнинатите 24 часа, во Русија се евидентирани 52 нови случаи на заразата, во 23 руски региони, со што вкупниот број инфицирани се зголеми на 199.