Свет
27. October 2016 - 15:05

Москва: Немаме ништо со нападот во кој загинаа деца во Сирија

Руските власти денеска соопштија дека немаат никаква врска со воздушниот напад врз училиште во сириската провинција Идлиб која е под контрола на сириски бунтовници, а во кој смртно страдаа 22 деца.

– Руската федерација нема ништо со таа страшна трагедија, со тој напад, изјави Марија Захарова, портпарол на МНР на Русија.

Таа додаде дека Москва бара итна истрага за тој напад.

Захарова ги оквалификува како „лажни“ тврдењата дека руски и сириски воени авиони вчера извршиле смртоносен напад врз Идлиб.