Свет
14. May 2017 - 11:55

Москва не верува на солзи

Дневни Аваз - Сараево

Да се забележува значи да се страда, рекол Аристотел. На човештвото нема напредок додека туѓо страдање не не здоболи како нашето сопствено. Веројатно нешто научивме од злобната светска политика кон босанското страдање пред 20 и нешто години, па сега полесно ни е да ја почувствуваме Сирија со цело срце.

Треба да се присетиме, имаше многу луѓе кои одлично ја разбраа Босна, бидејќи политиката на нивните влади едноставно не ги интересираше.

Моќта на забележувањето

Настрана и оваа денешна геополитичка нишалка меѓу Русија и Америка, која проработи како никогаш до сега од Студената војна. Таа приказна трае за Блискиот исток со малку ангели во неа. Да ги пуштиме сега циничните толкувања, како неодамнешниот напад со хемиски отров сарин на цивилите во Идлиб, во кој страдаа и деца, со големи крупни очи како медитерански маслинки, треба да се стави во контекст: кој најмногу од сето тоа геостратешки профитираше?!

До вчера во тајниот американски разузнавачки документ педантно (на четири страници), „сума-сумарум” се објаснува кој е виновен за овој напад. Така дознавме дека владата во Дамаск сепак не го уништила целиот свој асортиман на бојни отрови.

Со гаранциите на Владимир Путин, Сирија во 2013 година потпиша, а потоа под супервизија на Американците и ОН за само 42 дена во 2014 година уништи 600 метрички тони со закон забрането хемиско оружје. Но, во експресен извештај на американските разузнавачки агенции се вели дека за неодамнешниот напад со боен отров на сириските цивили бил користен сарин. А тоа е отров кој сириската војска од секогаш го има(ла), иако тврдеа дека до 2016 година го уништиле целиот арсенал на своето хемиско оружје.

Го читав овој разузнавачки документ. Би земал голем новинарски простор ако се набројат сите податоци, прецизното време и да се опише нивниот начин на собирање од теренот (изворите, секако се кријат). Или да се објасни пропагандата која е лансирана од Москва пред да атерираат 59 американски проектили Томахавк на 6 април на сириската авионска база Ал Харијат.

Лоша традиција

Исто како во случајот со Сребреница, кога во 2015 година вложи вето со цел со новата резолуција на ОН светот повторно да не се потсети дека во источна Босна во 1995 година се случи геноцид, минатиот месец руски дипломати го блокираа Советот за безбедност да го осуди хемискиот напад на сириските цивили. Во своите дипломатски игри Русите ги минимизираат злосторствата кои во војната против Босна поименично ги криеја некои Срби под водство на Караџиќ и Младиќ, со многу помошници од Белград и за жал, премногу симпатизери од Москва.

На сличен начин Русија веќе шест години ја третира војната во Сирија, гледајќи го тоа пред се преку сопствените интереси. Нивната воено-поморска база во сирискиот Тартус која ја користат од 1971 година да ја снабдуваат својата воена флота во Медитеранот, очигледно „мора” да преживее, па макар поради тоа се војува до последниот Сириец. Секако, ни американската димензија на поделбите на интересните сфери во тој дел на светот не е занемарлива.

Со нападот на аеродромот од каде полетаа сириски воени авиони кои ги бомбардираа и цивилите во Хомс, Трамп повторно популистички, барем до некаде, ја задоволи тукашната јавност. Како и порано, имаше реакции на фотографиите на страдањата на сириските цивили, посебно децата. Имаше и остра реторика кон Москва! Со тоа многу „разубедени” Американци како Трамп (не) шуруваат со Русите.

Иако не ги спречи новинарите да копаат по неговото руско досие, вниманието на јавноста сега е пренасочено кон Сирија, а тука е и Северна Кореја. Ако продолжи вака, шансите на Трамп да потрае цели четири години во Белата куќа се многу зголемени. Но и разочарувањето би можело да биде поголемо, кога ова ќе се стиши, а сириското страдање веројатно ќе продолжи. Сето тоа многу потсетува на сите тие остри зборови кои ги слушавме за Босна од 1992 до 1995 година.

Кога сега би почнал секојдневно да известувам за тоа од Њујорк, како сите тие години за босанските и други радио и ТВ програми, никогаш не би наговестил дека администрацијата на Трамп ќе делува толку одлучно како што зборува. Ќе се осудам да кажам дека воена интервенција кои би го запрела крвопролевањето во Сирија, нема да има. Тоа единствено е можно со договор со Русите, ако се покрене некој нов „сириски Дејтон”.