Москва ја отфрла пресудата на Судот на ОН за ослободување на украинските морнари
Москва денеска ја отфрли пресудата на Меѓународниот суд за поморско право со која се бара од Русија да му ги врати на Киев трите украински воени бродови и да ги ослободи 24 морнари, кои ги задржа лани во ноември во Керчинскиот Теснец.
Во соопштението на Кремљ се посочува дека согласно руското законодавство, мора до крај да бидат завршени истрагата и судењето на украинските морнари, па дури потоа да се разговара за нивно евентуално ослободување.
На 25 ноември 2018 година руските сили во водите на Керченскиот Теснец пресретнаа три украински воени бродови, кои пловеа од Одеса кон Мириупољ. Со образложение дека навлегле во руските територијални води, Москва ги заплени трите брода и ги приведе членовите на нивните екипажи, на кои подоцна им беше одредена мерка притвор до завршување на судскиот процес против нив под обвинение за илегален влез на територија на Русија.
По анексијата на Крим, Русија го смета Керченскиот Теснец, што ги поврзува Црното и Азовското Море, за свои територијални води, додека Киев, кој Полуостровот се уште го смета за своја територија, тврди дека бродовите се наоѓале во меѓународни води.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК