Москва ги повика Холандија и Турција да покажат воздржаност
Кремљ денеска ги повика Холандија и Турција да покажат воздржаност и да работат на „конструктивна деескалација на конфликтот“, јави ТАСС.
- Ги повикуваме Хаг и Анкара да покажат безусловна воздржаност и конструктивност во деескалацијата на тензиите до кои дојде меѓу двете земји, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Песков нагласи дека Русија не смета дека во овој случај се потребни посредници меѓу двете земји.
- Само овие две земји можат да најдат излез од настаната ситуациија. порача Песков.
Односите меѓу двете земји ескалираа откако во саботата холандските власти одбија да му дозволат слетување во земјата на авионот на шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, кој требаше да говори на митинг во Ротердам, а подоцна од Холандија беше протерана и турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Сајан Каја. По ваквата одлука на Хаг, турските лидери упатија закани на сметка на Холандија, обвинувајќи ја за „нацизам и фашизам“.
Ново на Сител
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово