Свет
14. December 2016 - 11:47

Москва: Бунтовниците во Алепо ги продолжија борбите, но нападите се одбиени

Руското Министерство за одбрана објави денеска дека бунтовниците во градот Алепо ги продолжиле рано изутринава нападите, кои биле одбиени од силите на сириската Влада. 

Руското Министерство наведува дека сириската војска продолжила со операциите на сузбивање на отпорот во областите на Алепо, кои бунтовниците и натаму ги држат под контрола. 

Сириските бунтовници меѓутоа тврдат дека владините сили продолжиле да извршуваат ракетни напади во источниот дел на Алепо. Бунтовниците наведуваат дека нападот траел околу половина час.