Живот
11. December 2015 - 10:19

Московските власти воведуваат бежичен интернет на гробишта

Градските власти на Москва соопштија дека во рамки на кампањата за воведување безжичен интерент на јавни места во рускиот главен град каде има голема фреквенција на луѓе, оваа услуга ќе биде достапна и на гробиштата.

Во соопштението на московската градска управа се наведува дека од почетокот на следната година беспалтниот безжичен интерент ќе бидат достапен на трите најголеми гробишта во Москва.

Управникот на државното погребално претпријатие во Москва, Артјо Екимов истакна дека безжичниот интернет на гроиштата ќе „привлече повеќе посетители на тие места“.

- Интернет конекцијата на посетителите на гробишта ќе им помогне да се „опуштат“ на посебни одредени места за таа намена, додаде Екимов.