Балкан
20. November 2015 - 9:51

Московиси го поздрави новиот грчки закон за реформи

Европскиот комесар за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси го поздрави усвојувањето на законот за претходни постапки од страна на грчкиот Парламент.

Тој на својот профил на Твитер напиша дека тоа е уште еден чекор напред за земјата.

- Гласањето вечерва во Атина е уште еден чекор напред за Грција. Ние ќе процениме со други институции и утре ќе поднесеме извештај пред Евро работната група, напиша Московиси.