Морваи: Земјите од Западен Балкан да ги земат работите во свои раце
Земјите од Западен Балкан треба да размислуваат за својата иднина во контекст на кризите со кои Европа се соочува, а кои ќе ја преобликуваат ЕУ, изјави извршната диркторка на Европскиот фонд за Балканот, Хедвиг Морваи.
Морваи, која вчера учествуваше на панелот „По Париз, по Брегзит - перспективите за Западниот Балкан“ во рамки на шестиот Белградски безбедносен форум, изјави дека земјите од Западен Балкан за иднината треба да размислуваат, не само во контекст на Брегзит, туку и за референдумот во Холандија, бегалската и другите кризи со кои Европа се соочува и бори.
- Тие ќе ја преобликуваат Европската Унија. Мислам дека треба да се фокусираме на развојот, без разлика на перспективата за членство во временска смисла и треба да се зафатиме со многу конкретни процеси, кои навистина се во наши раце, смета Морваи.
Брегзит, нагласи таа, укажува на тоа дека државите од регионот треба навистина да ги преземат работите во свои раце, бидејќи, како што вели, останаа малку надворешни актери.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората