Живот
22. May 2017 - 10:33

Морскиот лав мораше да покаже дека сепак е лав: Одвлече девојче во море

Инцидентот се случи во саботата во предградие на Вакнувер, а се со камера го забележа студентот Мајкл Фуџимира. Морскиот лав ги забавуваќ туристите на пристаништетот, а некои од нив почнаа да ги хранат животните со трошки леб, пренесува телевизијата Си Би Ес.

Девојчето седна на ѕидот директно над морскиот лав кој барал храна, по што тој го повлекол детето за фустанчето и го одвлекол директно во вода.

Непознат маж скокнал во вода и го извлекол девојчето, кои пак останало неповредено во инцидентот.

Експертот за морски цицачи Андру Трирс наведе дека морскиот лав најверојатно помислил дека гардеробата на детето е храна.