Живот
21. April 2017 - 16:14

Морничава приказна за островот на оргии во Европа на кој владее секс и смрт: Никој не се осудил да зборува на глас за ова

Ненаселениот италијански остров Заноне опкружен е со тиркизно море, сино небо, прекрасна природа и мрачно минато. Тоа што повеќето туристи денеска ги привлекува на ова место се приказните за сексот, оргиите, настраноста, и убиството за кое денеска сведочи само напуштената вила на врвот на островот. Некогашниот нејзин сопственик, маркиз Камило Касати Стампи, на островот приредувал развратни забави, а најмногу уживал да ја следи својата сопруга како води љубов со непознати мажи.

Поранешната актерка и старлета, Ана Фаларино, со сопругот делела љубов кон егзибиционизмот често пливајќи гола околу островот или позирајќи му на сопругот во провокативни пози. Така наоѓала мажи за забава. Ги собирала на плажа и ги носела во вилата. Маркиз уживал во тоа и водел дневник.

- Ана денеска ме излуде од задоволство. Водеше љубов со некои војник така ефикасно што по долго време и јас уживав како и таа, пишува во еден од записите во дневникот.

Викенд забави под маски

Викендите биле наменети за европската аристократија, ВИП гости, и милионери, кои често доаѓале на островот со своите луксузни јахти, предавајќи му се на алкохолот, дрогата, забавите под маски и сексот. Постојат и нагодувања за „тајна“ соба со огледала.

- Сите знаевме што се случува таму. Никој за тоа не се осуди да зборува на глас, раскажува за CNN туристичкиот водич и „стар морски волк“, Рикардо Пеци кој живеел во близина на островот Понза.

Но работите излегле од контрола кога Ана се заљубила во едно од своите помлади љубовници.

25 годишниот Масимо Миноренти и самиот бил жиголо и познат меѓу постарите добростоечки госпоѓи во тоа време. Маркиз, кој до тогаш ја поттикнувал сопругата на вонбрачни излети, не можел да поднесе дека Ана во некој од нив се заљубила, пренесува Express.hr.

На 30 август 1970 година се вратил во неговата вила во Рим, каде ја затекнал Ана во кревет со Масим. Во сопругата стрелал три куршуми, а Масим го усмртил со еден во чело. Потоа си пукал во глава.

 

Пронашле 1500 порнографски фотографии

По убиството, освен дненикот кој маркиз го водел, полицијата открила и 1500 порнографски фотографии од Ана кои ги снимил нејзиниот сопруг, а бројните флаши со најскапи алкохолни пијалоци, кои се најдени закопани на островот го потврдиле тоа што со години се претпоставувало.