Македонија
24. January 2019 - 15:27

Морничава глетка во скопско Љуботен - влегол во собата и го пронашол своето бебе мртво

Морничава глетка се случила вчера во скопското село Љуботен, татко си го пронајде своето бебе мртво.

Според информациите на полциијата, вчера во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.О.(22) од село Љуботен, скопско, пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот во куќата во село Сингелиќ, скопско, го пронашле починато нивното едномесечно машко бебе.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.