Морисон за поништувањето на австралиската виза на Ѓоковиќ
Австралискиот премиер Скот Морисон ја поврза одлуката за визата на Новак Ѓоковиќ со „силните политики за заштита на границите“ на Австралија кои ги „чуваа Австралијците безбедни“ за време на пандемијата.
– Разбирам дека по внимателно разгледување, преземени се активности од страна на министерот за имиграција за укинување на визата на господин Ѓоковиќ поради здравствени причини и со цел одржување на редот, врз основа на тоа дека тоа било во јавен интерес, рече Морисон.
Тој додаде дека „пандемијата беше неверојатно тешка за секој Австралиец, но ние останавме заедно и спасивме животи“.
– Австралијците направија многу жртви за време на оваа пандемија и со право очекуваат дека резултатот од тие жртви ќе биде заштитен, рече Морисон и додаде дека земјата постигнала една од најниските стапки на смртност, остана една од најсилните економии и е меѓу земјите со највисока стапка на вакцинација во светот.
– Нашите силни политики за заштита на границите ги одржаа Австралијците безбедни, пред Ковид и сега за време на пандемијата. Поради очекуваните тековни правни постапки, нема да давам дополнителни коментари, заклучи Морисон.
Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок денеска го искористи неговото овластување согласно Законот за имиграција и ја поништи визата на српскиот тенисер.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација