Loading Video...
Свет
15. August 2019 - 16:38

Морина во Косово пречекан како херој

Со музика, тапани, аплауз- вака бил пречекан поранешниот припадник на УЧК Томор Морина од своите сограѓани во родниот град Ѓаково, откако тој вчера од Шутка дирекно замина за Косово. Дека Морина во родната земја бил пречекан како херој, говори и видео снимката објавена од косовски медиуми. И додека косовските власти се задоволни од одлуката на Врховен, Србите пак и се лути на Македонија. За шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, ова е политичка одлука.

Вчера ока Врховен ја потври одлуката на кривичен дека нема услови Морина да биде екстрадиран во Србија, со образложение дека Морина е државјанин на Косово и на Велика Британија, а не на Србија и дека кривичното дело за кое е обвинет е извршено на територијата на Република Косово управувано од Обединетите нации според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност од 10 јуни 1999 година.