Мори Паские:Ратификацијата на Преспанскиот договор го отвора патот за нова ера на стабилност на регионот
Претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Лилиан Мори Паскиер, ја поздрави ратификацијата од страна на грчкиот парламент на „Преспанскиот договор” склучен на 17 јуни 2018 година помеѓу Скопје и Атина, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
-Ова е историски момент и сакам да им честитам на премиерите Заев и Ципрас за нивното лидерство по ова прашање, како и на членовите на парламентите во Скопје и Атина за нивната определба и храброст да го решат долготрајниот билатерален спор кој многу години ги мачеше односите меѓу двете земји , рече швајцарската парламентарка, која претседава со паневропската асамблеја.
Ратификацијата на овој договор, нагласи, го отвора патот за нова ера на стабилност низ целиот регион и претставува добар пример за помирување и одговорност.
-Договорот ќе биде од корист за жителите на двете земји, регионот и цела Европа, посочи Лилиан Мори Паские.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација