Морено: Велика Британија нема да го испорача Асанж на земја со смртна казна
Велика Британија гарантираше дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж нема да биде испорачан на земја каде законот предвидува смртна казна, изјави денеска претседателот на Еквадор Ленин Морено по апсењето на Асанж во еквадорската амбасада во Лондон.
– Согласно нашата силна посветеност на човековите права и меѓународниот закон, побарав од Велика Британија да гарантира дека Асанж нема да биде испорачан на земја каде би бил изложен на тортура или да биде соочен со смртна казна, изјави Морено во видео објавено на Твитер.
-Британската Влада го потврди тоа писмено, согласно нивните одредби, истакна Морено.
Како претседател на Еквадор, неговата земја го укина азилот на Асанж, откако тол во неколку наврати ги прекршил меѓународните конвенции.
Асанж (47) беше уапсен денеска во амбасадата на Еквадор откако му беше укинат азилот. Британската полиција влезе во Амбасадата и го уапси основачот на Викиликс.
Тој се наоѓаше таму од 2012 година со цел да избегне екстрадиција во Шведска, која го товари за сексуално злоставување. Асанж ги негира обвинувањата и стравува дека Шведска ќе го предаде на американските власти со цел да се соочи со нивните обвинувања за објавување на воени и дипломатски документи.
Ново на Сител
-
Охриѓанец измамен преку Фејсбук: Наместо да добие наследство изгубил 4.500 евра
-
Лончар: Во Србија досега се вакцинирале речиси 15.000 македонски граѓани
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1667 пациенти
-
Шестиот пакет на владина седница, во текот на денов ќе биде презентиран
-
Лукаревска: Во март 54.662 работника не земале плата
-
Бесими: За сите пакети мерки има средства во буџетот и ќе може да се реализираат
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични против Џафери и двајцата пратеници за прекршување за КЗ
-
Угостителите и туристичките работници на протест