Македонија
18. April 2019 - 16:03

Морбилите се проширија и во школите - од утре теренска вакцинација во сите основни и средни училишта

Морбилите се проширија и во училиштата. Десетина ученици на возраст од 7 до 16 години заболеле од мали сипаници и завршиле во амбулантите на Клиниката за инфективни болести. Дел биле вакцинирани со две дози на МРП и според инфектолозите имале полесна клиничка слика на болеста. За да спречат поголемо ширење на заразата, надлежните најавуваат агресивна кампања како и теренска вакцинација во сите основни и средни училишта во државата која ќе почне од утре.

чекуваме теренската вакцинација да вроди со плод. Кампањата за вакцинација мора да биде агресивна, јас сум за тоа и недозволиво е институциите да седат со скрстени раце, вели Арбр Адеми министер за здравство.

Адеми вели дека е во постојана комуникација со министерот за здравство, за изнаоѓање на соодветно законско решение со кое нема да има уписи во училишта на невакцинирани деца.

-При упис треба да се приложи документ за примени вакцини, но мора да внимаваме и на уставната обврска со која основното образование е задолжително, но и со тоа да се запази да не се загрозува јавното здравје на никој, вели Адеми.

И додека министерот за образование е воздржан во изјавите, Филипче вчера најави дека нема упис на невакцинирани деца и дека тоа е оправдана мерка согласно законските прописи за имунизација и заштита на населението од заразни болести.

-Никој нема право да го загрозува јавното здравје ниту пак со својата индивидуална одлука да влијае на тоа, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие на Инфективна клиника биле примени 14 пациенти со морбили од кои двајцва биле задржани на болничко лекување. Заболените се од Гостивар, Битола, Куманово, Охрид и Скопје. 15 бебиња со мали сипаници се на болничко леување во Клиниката за детски болести.